ФТУ и Универзитетот ги одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски
ФТУ и Универзитетот ги одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски.
Во одбележување на 1100-те години од упокојувањето на Св Климент Охридски се приклучува и битолскиот Универзитет кој го носи името на големиот просветител. Во таа чест во рамките на ФТУ во Охрид се одржува работолница за изработка на мозаици.
Под менторство на академик Газанфер Бајрам учествуваат асистенти од прилепскиот Институт за старослаовенска култура и студенти од Техничкиот факултет од графичкиот оддел, посочува Сашо Коруноски ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски.
„ Со изработката на логото во мозична техника ќе научат и ќе бидат поттикнати да се интресирата за овие стари техники кои понатка ќе ги применуваат и ќе се нивна преокупација “, истакна на свеченото отварање на работилницата ректорот Коруноски.
Во изработката на мозаикот учествуваaт и асистентите Орданче Петров и Христијан Талевски од прилепскиот Институт за стрословенска култура. Петров кажува дека мозикот ќе се работи во индиректна техника во opus tesselatum и ќе се работи 2 недели.
„Ќе се работи со природни материјали, како што се камен, мермер и трaвертин, а од смалди ќе се користат сина и златна боја специјално порачани од Венеција за овој мозиак, “раскажува Петров.
Покрај академикот Бајрам, асистенитите и 7- мина студенти во работилницата учествува и битолската НВО „Астерион 5 “ која ги негува старите занаети и уметности.