Skip to main content

Во Словенија снег, во БиХ град со големина на орев

Во Македонија за денеска попладне и утре УХМР најавува повторно невреме

 |  инфодеск  | 

Ладниот бран во Словенија донесе врнежи и ниски температури, а на планинскиот врв Кредарица, на 2.515 метри надморска висина, вистинска зимска идила, пишува Slovenske novice.

Босна и Херцеговина пак, во средата попладне ја разори силно невреме проследено со град со големина на орев. Настаната е материјална штета на автомобилите, куќите и полињата, бројни жители останале без електрична енергија, а во прекин биле и телефонските врски, јавува Maglaj.net.

Во нашата земја за денеска попладне и утре повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.

Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, информираат од УХМР.

Утре ќе дува силен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 90 километри на час, што ќе предизвика значителен пад на температурата.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време.