Укинато контролираното движење низ шумите
Укинато контролираното движење низ шумите.
Посетите на НП „Галичица“ се без дозволи. Укинато контролираното движење на посетителите низ националните паркови кое требаше да важи до 15 август. Преовладало барањето површини на македонските планини да бидат достапни за туристите. Кон оваа владина одлука се приклучи и НП Галичица иако имале став дека посетата на планините со дозвола за престој ќе придоснесе за поодговорно однесување на посетителите.
„Но другите паркови како што се Водно, Јасен и другите побараа укинивање на контролираното движење. Се прекина и има препорака од Владата да се зајакне присуството во парковите. Тоа е направено и подолго и почесто сме пруситни во паркот“, напоменува Номче Новески од НП Галичица.
Во периодот докога траела одлуката за евидентирано движење во границите на паркот и биле воведени дозволи се течело без проблеми. Дозволи се издавале на професионалци и на вљубеници во планинските убавини. Од НП им излегувале во пресрет и на туристичките агенции и на физички лица кои не се охриѓани за посета на познатите излетнички места на Галичица.
„Професионалните велосипедисти се најбројни меѓу луѓето кои се посетители на паркот. Професионални планинари кои се искачуваат на Магаро, па до најобични туристи рекреативци. Велосипедските патеки и Магро се најпосетувани од професионалците, но и излетничките места Јадера, Корита, Коритски рид, Баба, а и параглајдистите се повеќе го користат паркот за рекреативни спортски и професионални потреби“, нагласува Новески.
Во последните 10 тина години паркот Галичица се промовира и посетите одат во нагорна линија. Познавањето на паркот кај охриѓани е задоволително , но треба да се поработи уште. Тоа значи пред се наша промоција и да ги поканиме оние кои сакаат да уживаат во природа да го посетат паркот.