Матуранти подгответе се, августовскиот испитен рок е тука
Учениците кои не полагаа државна матура во јуни, ќе можат да полагаат во августовскиот испитен рок.
Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено 3 предмети.
Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.
На 15 август ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.
На 16 август кандидатите ќе полагаат математика.
На 17 август ќе се полага странски јазик.
На 18 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.
Сите испити почнуваат во 10 часот.