Skip to main content

Ерупција на вулканот Маунт Ридаут по 20 години

Вулканот Маунт Ридаут на Аљаска се активира вчера по 20 години од последната ерупција, исфрлајќи големо количество пепел кој го загрози авиосообраќајот.

 |  Крсте Голабовски  | 
vulkan
вулкан
Вулканот Маунт Ридаут на Аљаска се активира вчера по 20 години од последната ерупција, исфрлајќи големо количество пепел кој го загрози авиосообраќајот.

„Регистрирани се една голема и четири помали ерупции, од кои секоја траела меѓу 10 и 20 минути“, соопшти Опсерваторијата за вулкани на Аљаска, најавувајќи можност за појава на нови.

vulkanЕкспертите сметаат дека сегашната ерупција најверојатно ќе биде слична на последната од 1989 година кога вулканот бил активен речиси пет месеци. Поради големото количество исфрлен пепел за малку ќе се урнел еден авион на компанијата „КЛМ“.
Вулканскиот пепел засега не го загрозил најголемиот град на американската држава Аљаска, кој има 260.000 жители.

{loadposition content9}