Skip to main content

Велгоштани бараат манифестацијата Вечер на Живко Чинго да биде финансирана од државата

Велгоштани бараат манифестацијата Вечер на Живко Чинго да биде финансирана од  државата.

 |  Валентина Неловска  | 

На плоштадот, во подножјето на манастирот Св. Петка во Велгошти, течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“. На 13 август, на роденденот на Чинго,  традиционало се чествува ликот и делото на големиот македонски писател кој ја прослави Македонија и во светски размери Живко Чинго. Величината на Чинго не е само заради неговото мајсторство и имагинација што ја поседувал во литературата туку и во поврзаноста со неговиот народ, потсетува на неговата голема доблест Ѓоко Чингоски директорот на ОУ кое го носи името на писателот.  


„Поврзаноста на писателот со живата виостина, со својот народ е она што вреди и што е огромо богатство. Писателот ќе додаде дека кој не е поврзан со својот народ и не живее во сегашноста и не ги гледа негвоите проблеми е глув и беден писател. Тоа се размислувањата на Чинго. Тој е во потрага по проблемите кој го тиштат народот. Пишува за окупацијата, постокупацијата, миграцијата, колективизацијата и кога ги читате ги чувствувате како свои тоа не случајно. Пишува за нас за својот народ. Тие трендови и теми се модерни и денес, “ кажува  Чингоски.

 Месната заедница од селото и одделението  за култура при Локалната самоуправа ја организираат манифестацијата Вечер на Живко Чинго. Неговите пријатели, роднини и велгоштани бараат да не се маргинализира значењето на големиот писател и оваа манифестација да се организира под покровителство на државата и да трае повеќе денови.

Неговите велгоштани се прашуваат зошто нема претставник од Ману и манифестацијата не е финансиски поддржана од Министерството за култура. Побарале од охридските пратеници да покренат инсицијатива за манифестацијата да бида органзоиран од страна на државата.

„Маргинализиран е во наши рамки, а не во светски. Во годините што доаѓаат неговата величина ќе расте.Се прашуваме зошто да е вечер на Живко Чинго , а не вечери на Чинго. Просторот има прекрасна пририда, манастирски конаци од Св. Петка прекрасен простор  за беседење на повеќе писатели и дружењата да се неколку вечери“, подвлекува Ѓоко Чингоски.

На утрешното традиционално чествување на делото на Живко Чинго во 20 .30 минути беседа ќе одржи писателот и дипломат Јордан Плевнеш. Вечерта ќе биде исполнета и со богата културно забавна содржина, а на виолина ќе настапи Кристина Шокароска.