Skip to main content

Кражбите на дрва во НП Галичица сведени на минимум

Кражбите на дрва во НП Галичица сведени на минимум.

 |  Валентина Неловска  | 
нп галичица

Од Галичица се задоволни од односот на луѓето кон шумата во националниот парк. На 25 хектари простор на колку што се протега паркот кражбите на дрва се ставени под контрола за разлика од состојбите во другите шуми каде што стопанисуваат други претптиријатија, напоменуваат од НП Галичица. Дивите сечи кај нас се сведени на минимум , кажува ракводителот на секторт за одржување на шумите Номче Новески.

„Нема масовни кражби. Кај нас конфигурацијата на теренот и патиштата се такви д анема шанда д апомине камион или возило, а да не се приметени “, подвлекува Новески.

99% пофалбите се упатени кон жителите од селата кои се распослани од двете страна на падините на Галичица, од охридаката и ресенската.


„Задоволни сме што жителите на Коњско, Елшани и на останатите17 населени места се најголемите чувари и не би биле успешни во зачувување на пркот од пожари и од кражби на дрва,“нагласува Новески.
 
Раководителто на секторот за одржување на шумите, Номче Новески задоволно кажува во рамките на НП Галичица  се намалени и дивите депонии кои порано беа честа слика. За НП се грижат 8-мина ренџери кои се скојдневно на терен.