Пратениците денес расправаат за поплавите
115 седница на која пратениците ќе дискутираат за состојбата во поплавените подрачја во Скопско
Одржување на оваа итна и неодложна собраниска седница е на барање на пратеничката група на СДСМ и опозицијата. Тие предлагаат итни мерки за помош на граѓаните погодени од временските непогоди.
Одржувањето ваква седница беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот се вели дека се очекува до почетокот на седницата Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.
Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколку скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.