На булевар „Туристичка“ се случи сообраќајна несреќа, повредено едно лице
Попладнево на булевар „Туристичка“ се случи сообраќајна несреќа. Повредено едно лице, возач на мотоцикл.
Уште една сообраќајна незгода во градов. Попладнево, околу 13.30 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на училиштето „Григор Прличев“ се судрија моторцикл и патничко моторно возило. Моторциклистот поради силината на ударот бил исфрлен на коловозот поради што се здобил со телесни повреди и итно е пренесен во охридската општа болница.
Во сообраќајната незгода учесник е еден моторциклист кој најверојатно во момент на невнимание удрил во паркирано патничко возило од десната страна на булеварот Туристичка. Се случил пад при што се здобл со телесни повреди и нагмеченици на повеќе делови од телото и итно е пренесен на хируршкото одделение во општата болница. На местото на несреќата е извршен увид кој ќе ги утврди попрецизните причини поради кои дошло до незгодата, рече Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Мотоциклистите и понатаму се најнебезбедната категорија учесници во сообраќајот. Само пред десетина дена во близина на туристичката населба Пештани на магистралниот пат Охрид Св Наум се случи сообраќајна несреќа кога се судри мотоцикл со патничко возило и во која две лица го загубија животот. Од СВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат пропишаните правила и прописи, а моторциклистите задолжително да носат заштитна кацига и да возат внимателно.