Skip to main content

Атлетскиот клуб „Охрид“ поради финанасиски проблеми може да згасне

Атлетскиот клуб „Охрид“ поради финанасиски проблеми може да згасне. Овај најстар аматерски спортски клуб во градов бара помош од државата и Локалната за да може да опстане. Во него секојдневно тренираат триесетиина деца кои со голема љубов и ентузијазам го негуваат овој спорт.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На најстариот аматерски спортски клуб во градов му прети опасност од затворање. Атлетскиот клуб „Охрид“ кој е формиран уште во далечната 1977год и егзистира повеќе од 40 години, А кој е расадник на голем број атлетичари, поради финанасиски проблеми може да згасне.

Блокирана е жиро сметката веќе 3-4 години и не гледаме излез дека може нешто да се направи единствено ако државата застане зад клубот или пак ако општината ни подаде рака па да излеземе од таа криза во која се наоѓаме моментално, вели Пецо Неданов- претседател на атлетскиот клуб „Охрид“.

Атлетичарите од „Охрид“ повеќе од дваесет години се прваци на Македонија.  Минатата година повторно го освоиле тронот на кралицата на спортовите иако клубот не добил никакви финансиски средства ниту од Агенцијата за спорт и млади ниту од општината. Единствената помош која им ја пружила локалната е што неколку пати им го позајмила општинското комбе за да отпатуваат на натпреварите надвор од Охрид. И во вакви услови охридските атлетичари биле прваци и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Имаат постигнато преку 130 државни рекорди. Претседателот на клубот вели дека и покрај сите проблеми тие со сите сили се борат клубот да продолжи со работа.


Ова што го правиме со клубот и што работиме сето тоа е волонтерски затоа што го сакаме тој клуб и цело време гледаме некако да помиогнеме за да продолжи клубот со работа. Ги гледам и децата кои доаѓаат во атлетскиот клуб со каква желба тоа го прават и покрај сите тешкотии тие се упорни и доаѓаат на тренинзи и кога ќе ги видиш нив како се трудат навистина ти е жал да не помогниш, вели Неданов.

Неданов не губи надеж . Кажува дека државата планира да донесе  Закон за спорт со кој ќе се издвојуваат пари од сите фирми за финансирање на спортовите и клубовите. Тој мисли дека тоа е најдобариот начин државата да го реши проблемот на сите аматерски клубови и со тоа да се омасови спортот, а децата се повеќе да се вклучат во него.