Од ЦУК уверуваат охридските реки и речни канали се протечни
Од ЦУК уверуваа охридските реки и речни канали се протечни .
Во овој момент во општина Охрид нема сериозни проблеми од синоќешните дождови. Врнежите не предизвикаа сериозни проблеми, а во текот на ноќта имаше во одделни реони од градот и околни села кратки прекини со напојување на електричната енергија, информираат од Центарот за управување со кризи.
„ Реките имаат доволно можност да ја примат оваа количина на врнежи. Очекувањата попладне и во текот на ноќта се дека времето полека ќе се смирува и не се очекуваат сериозни нови врнежи од дожд“, информира Митко Темелкоски од ЦУК.
Нема излевање на речните корита и канали затоа што се чистат, уверува Темелкоски. Информира дека во моментов тече акција за чистење на каналите и речните корита во кои има отпад фрлен од несовесни граѓани и од бујната вегетација која треба да се расчистува. На Коселска река и Сушица има некои критични точки кои треба да се исчистат пред пообилните есенски и зимски дождови , велат од ЦУК. Критичните точки ги лоцирале и им ги укажале на службите при ЛС.
„ Како посочени делници од водотеците кои бараат поголем ангжамн се делниците Сушица И грашница од потегот на од 15 -ти Корпус до Улица Железничка, водотекот на Кослекс арека од Долно Лакочереј и село Орман и некои точки во зоната на село Косел“ , подвелкуваат од ЦУК.
Жителите кои, пак, ТВМ ги контактираше истакнуваат дека Коселска река целосно по речното корито не е исчитена 30 до 40 години. Кажуваат дека пред 8 години собрале потписи од 120 жители од селата Орман, Лакочерј и населбата Воска со барање да се исчисти целата должина на реката која претставува за нив реална опасност. Вината ја гледаат и во несовесните граѓани, но и во непостоењето на водоводни заедници кои некогаш редовно ги одржувале чисти речните корита и канали, а со нивното гаснење сега нема кој да ги одржува и се сведува на кампањско чистење.
И од Локалната самоуправа во врска со овој проблем кратко брифираат за состојбите со одржување на речните корита и канали дека по поплавите во Скопје се преземени активнсоти. Во нивното соопштение испратено до ТВМ стои :
„ Во насока на навремена подготвеност од можни елементарни непогоди, Општина Охрид пред еден месец започна акција на чистење на сите речни корита и канали на територијата на општината. Акцијата што е во тек треба да заврши на 15 септември. Во чистењето се вклучени екипи и механизација на ЈП „ Охридски комуналец“.
За чистење на речните корита и канали согласно Развојната програма Општина Охрид од својот буџет има издвоено 4 милиони денари, а за механизацијата што се користи на терен обезбедени се 4 тони нафта, поддршка од Министерството за животна средина на Р. Македонија.