Силна експлозија потресла утрово полициска станица во местото Џизре во југоисточна Турција, а неименувани полициски извори тврдат дека има загинати и ранети.
Турските медиуми јавуваат дека има девет загинати, од кои тројца полицајци, и 64 биле ранети.
Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба.
Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан.
Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се наоѓа на границите со Сирија и Ирак. Во оваа област живеат Курди.