Новата генерација пливачи од школата за пливање „Охридски бранови 2008“
Доделени дипломите на новата генерација пливачи кои вештините на пливањето ги стекнаа во школата за пливање „Охридски бранови 2008“.
Уште една генерација пливачки таленти се стекна со диплома за завршен курс по пливање. Во школата за пливање „Охридски бранови 2008“, заврши со летната сезона, во која седумдесеттина дечиња ги направија првите чекори во тајните на пливањето.
За тоа колкавав е бројот на таленти кои излегуваат од оваа школа, зборува и податокот дека тројца ќленови од школата учествуваа на традиционалниот 37-ми по ред Илинденски пливачки маратон кој се плива од на патеката Горица – Охрид во должина од 2, 5 км.
Ана и Петар Бошалески и Владимир Вељаноски, со своето учество и резултатите од нивната прва маратонска трка покажаа дека пливањето во Охрид нема да згасне.
Тренерите задоволни од условите за работа и од фактот што за толку кратко време со интензивни тренинзи и забрзано темпо, на децата да им ги пренесат тајните на овој прекрасен спорт. Информираат дека децата ги совладаа сите четири стилови на пливање, а со вчерашното доделување на дипломите само се стави круна на нивниот труд и залагање во усовршувањето на техниките во пливање.