Skip to main content

Поголем дел од жителите од Долно Лакочереј се без канализација

Поголем дел од жителите од Долно Лакочереј се без канализација.

 |  Валентина Неловска  | 

Жителите од Долно Лакочереј бараат изградба на фекална канализација. Не сакаат јавно да зборуваат пред камера, но порачуваат дека е време да се заштити реката и животната средина од понатамошно загадување. Се обидовме да стапиме во контакт со претседателите на двете месни заедници на Горно и Долно Лакочереј, но без успех. Ниеден од двајцата први луѓе на  месните заедници не беа достапни за коментар. Се обративме и до еколозите од Грашница. Тие напоменуваат дека уште од 1990 година е изработена  Физибилити студија за охридско – струшкиот регион и за делот на Поградец во соседна Албанија за заштита на животната средина од Светска банка од Фондот за заштита на подрачјата надвор од градските средини .Во тој фонд  има буџет од околу 200 милиони евра, средства кои може да се користат со аплицирање со издржани проекти. Охрид и Охридското езеро како заштитени подрачја под  Унеско имаат предност при искористување на тие средства за заштита   на животната околина, велат еколозите. Но, досега Охрид нема поднесено ниту еден поголем проект со кој би ги одстранил критичните точки на загадување и би ја подобрил еколошки животната средина. Институциите  од албанската страна досега  имаат искористено два пати по 5 милиони марки. Услов при одобрувањето на финсиите е и учество на граѓанскиот сектор кој ќе ги посочи критичките точки на терен, велат од ЕД „Грашница“.

Од локалната самоуправа пак, информираат дека се запознати со проблемот. Преземаат зафати за 80-тина домаќинства, кои повеќето се дивоградби и се во процес на легализација,  да добијат канализација и приклучок на градската одводна мрежа.

„Надлежните служби од секторот пристапуваат кон  овозможување изградба на канализациона мрежа за Долно Лакочереј. Изработката на основниот проект за приклучок на домаќинствата  на овој потег е до периодот до  Нова година. Очекуваме тој проект да биде завршен, како и постапката за наоѓање на средства за реализација. Свесни сме за проблемот , но се работи на изградба на оснсовен проект и одводен систем“, кажува Танески.  

Пред неколку години имало обид да се спроведе  канализациониот систем во селото. Жителите биле против, затоа како што велат, изградбата на канализацијата не била според основен проект и не им одговарала на потребите и конфигурацијата на теренот.