Во Охрид се одржа научна дискусија на тема „Богомилството без граници“
Во Охрид се одржа научна дискусија на тема „Богомилството без граници“.
„ Богомилството без граници“ е темата на научната дебата како финална активност на проектот „Богомилското движење и Богомилската книжевност“. Тоа е проект кој започна на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите од 2014 година. Во изминатиoт период на оваа тема се направени многу активности и теренски истражувања, вели Маја Ангелоска Панова од Македонскиот институт за национална историја.
„Целта е да се дефукусираме од националистичките присвојувања на Богомилството. Затоа произлезе насловот „Богомилството без граници “ туку да се третира како заедничка придобивка, како универзална, цивилизациска придобивка значајна која го надминува просторот на Балканот и има свои импликации во земјите на Западна Европа одразувајќи се во катаризмот и лолардството“, истакнува Маја Ангелоска Панова од Македонскиот институт за национална историја.
Во таа насока ушт ево 2010 година во Охрид се органзирала летна школа наречена Богомилството како културен мост помеѓу Истокот и Западот. Во неа учествувале експерти од Балканот и Европа и биле засегнати многу прашања поврзани со Богомилското движење.
„Богомилството се толкуваше од аспект на неговата интердисциплинарност, имаше дискусии и за политичките импликации на Богомилството во Босна што е случај и кај нас. Во потрага по идентитет некои од луѓето имаат потреба да се идентификуваат како богомоли, како што е случајот со помаците во Бугарија или торбешите во Македонија“, нагласува Ангелоска Панова.
На денешната научна дебата беа присутни академици и екперти од Македонија и Бугарија, како и научни работници од Универзитетите од Глазгов и Лондон.