Skip to main content

Изградбата на спортската сала за учениците од Кочо Рацин се одолговлекува

Изградбата на спортската сала за учениците од  Кочо Рацин се одолговлекува.

 |  Валентина Неловска  | 


Околу 380 ученици од ОУ Кочо Рацин со нетрпение ја очекуваат изградбата на училишната спортска сала. Учениците така ќе може да изведуваат редовна настава и во зимски услови, а не во училниците. Иако, од Министерството за образование и наука најавуваа дека темелите на салата ќе бидат удрени во декември мината година тоа не се случи нити на почетокот од оваа школска година. Од Локалната  самоуправа признаваат дека процедурата траела подолго, а како главна причина ја наведуваат правната процедура  за разарешување на имотно-правните односи за дел од парцелата каде што треба да се гради салата.

„За жал порцедурат  се растегна на подолг временски период од едноставна причина што сопствениците не живеат во РМ, тие се подолго во странство. Следеше процедура  да се пронајдат и да се направи физичка делба да се дефинира едната парцела на приватните сопственици и да биде запишана во Агенцијата за катастар на нивно име ,а  другиот дел да биде чист каде што ќе се гради салата “, посочува Џамтоски.
Од локалната самоуправа сега ветуваат дека за учениците од ОУ Кочо Рацин наскоро ќе отпочне изградбата на долго најавуваната и  потребна спортска  сала. По завршување на правната постапка салата ќе почне да се гради во учебната 2016/2017 година, вели портпаролот на општината.

„Целата процедура подрабираше изрботка на Елаборат за физичка делба, долго се штрајкуваше во судството за  да се направи физичката делба. Сега сето тоа е зад нас. Пронајдени се сопствениците,направивме физичка делба и останува  таа да се верифицира во судот, по што наскоро ќе започне изградбата на спортската сала за учениците“, уверува Џамтоски.  

Проектот за изградбата на училишната спортска сала во ОУ Кочо Рацин е на Министерството за образование и наука. За негова  изградба и целосно опремување се планирани буџетски средства во висина од  24 милиони денари.