Skip to main content

Охридскиот театар со редовен репертоaр започнува од средината на месецов

Охридскиот театар со редовен репертоaр започнува од средината на месецов.

 |  Валентина Неловска  | 

На 17 септември започнува со работа и со редовен репертоар охридскиот театар. Актерите ветуваат нова возбудлива театарска сезона со  две премиери од кои едната е за деца. Деновиве стартуваат со подговтвките, а според очекувањата ќе бидат прикажани на почетoкот и на крајот од октомври. Најмладите, пак  ќе имаат можност да видат претстава со исклучителен текст и порака, детската претстава Малиот принц во режија на Ѓорѓи Ризевски, кажува Горан Стојаноски  директорот на НУ Центар за култура Григор Прличев. Веднаш следуваат и подготовките за претставата Дениција во која ќе играат и Елизабета Стефаноска, Филип Кипровски, Сашо Ристовски и Христина Цветаноска, студентка на ФДУ.


„ На 13 сeптeмври работимe една копродукција со Драмаскиот театар од Скопје во режија со Константин Плевнеш,а се работи за претставата Дениција  во која играат 3 актери од народниот театар Охрид. Очекуваме премиера на крај од октомври“, напоменува Стојаноски.  
Охридските актери инаку на 17 септември ќе стартуваат со претствата Парламентарки чии влезници ќе бидат наменети во хумани цели, подвлекува Стојаноски.  

„Парламентарки ќе биде наменета за поплавените луѓе во минатиот период  и ќе има хуманитарен карактер“, вели Стојаноски.

Хуманитарен карактер ќе има и претставата за деца Трите прасиња која ќе се дава на 30 септември  со гостувањето на  Македонската опера и балет. Охридските актери во следниот период со Парламентарки ќе имаат гостувања во Велес на фестивалот во Стоби на 23 септември, а со истата претстава на 24 октомври ќе играат и на фестивалот во Куманово. На репертоарот ќе бидат и другите претстави како што се Благородник, Импровикација, Детектор за лаги и Вечера за глупаци.