Сомнителен меч на големиот турнир УС Опен
За мечот се утврдени сомнителни уплати во обложувалници
Единицата за веродостојност во тенисот (TIU) објави дека истражува неправилност поврзана со дуелот од првото коло на УС Опен помеѓу Швајцарката Тимеа Башицки и Русинката Виталија Дјаченко кој заврши со 6-1, 6-1 за Швајцарката.
За овој меч се утврдени големи и необични уплати во обложувалниците во светот.
“Како и во секој случај, така и во овој TIU ќе ги разгледа фактите и ќе донесе одлука за покренување мерки по предупредувањето поврзано со средбата помеѓу Виталија Дјаченко и Тимеа Башицки играна на УС Опен на 30 август во рамките на првото коло”, објави TIU.


