Кениецот Абел Кибелт Роб го сруши рекордот на јубилејниот 30ти Охридски атлетски маратон
Кениецот Абел Кибелт Роб го сруши рекордот на јубилејниот 30ти Охридски атлетски маратон.
Јубилејното 3 децениско издание на Охридскиот атлетски маратон се одржа и покрај сите финансиски потешкотии со кои се соочуваше при организацијата. И додека интересот на атлетичарите за учество на еден од најстарите мартони во Европа станува се поголем, од друга страна пак интересот на домашните институции за негова финасиска поддршка е се помал. Манифестацијата која традиционално се одржува на Денот на независноста се оддржа и покрај врнежливото време. Во текот на трката која стартуваше од Св. Наум не се откажа ниту еден учесник а се рушеа и рекорди , информираше претседателот на Охридскиот атлетски маратон Пецо Неданов.
„Соборен е рекорд стар 23 години на Охридскиот атлетски маратон. Новиот рекорд е 1:34:58 во машка конкуренција. Има и најголемо учество од 97 ученици. Досега имало пријавени и по 119 , но најмногу старувале 96 атлетичари, па е соборен и е рекордот во бројот на учесници“, кажува Неданов.
Прв на целта стигна кениецот Абел Кибелт Роб. Рече трката била тешка , но Роб е среќен од постигнатиот резулатат.
„Мината година бев тука на оваа трка. Се обидов да го срушам рекордот но не успеав, а годинава дадов се од себа и успеав“, вели Роб.
На врвот од пласманот на трката, покрај двајцата Кенијци, и трето пласираниот унгарец Наѓи , четврт беше македонецот Игор Јакимоски. Од женските атлетичарки прва на целта стигна кенијката Рут Чемисто Матебо со вре од 2:06:08, а охриѓанката Јована Целеска стигна меѓу првите домашни женски атлетичарки. На трката учествуваа дури 20 охриѓани, а покрај нив имаше и атлетичари од Кенија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија.