Skip to main content

Библија плус спорт

Секој човек подеднакво е вреден пред Бога без оглед на националната припадност, бојата на кожата, образование и пол. Така треба и луѓето меѓусебно да се гледаат без да прават разлики. Тоа е темата на Библиската балканска конференција која се одржува во Охрид, на која дебатираат истакнати теолози од 5 балкански земји.

 |  Николоска Биљана  | 

 

По четврти пат се одржува Библиска балканска конференција. Охрид два пати е домаќи на овој настан чија цел е зближување на младите, членови на библиските здруженија од балканските земји. Во рамките на конференцијата, која свечено беше отворена со молитвата и изведбата на духовна музика на монасите од Бигорскиот манастир, се одржуваат предавања, семинари, спортски игри и други активности.
Изјава – Алтин Хуси – секретар на Албанското библиско здружение

„Преку спортот можи добро да се изучува библијата, не само да се чита туку да се разменуваат мислења околу библијата. Црквата е таа што не спојува да бидеме единство на балканот. Оваа е втора година како доаѓаме во Охрид ние сме презадоволни од Охрид, бидејќи од тука почнува целата црковна работа, вклучувајќи ги и браќата Кирил и Методи

Предизвик е Библијата за која веруваме дека е Божјо слово, да ја имплементираме во секојдневниот живот, вели Мелита Видовиќ од српското библиско здружение.

„Секогаш е лесно да зборуваме но тешко е да го направгиме тоа што го зборуваме. Ние навистина веруваме дека библијата е Божјо слово кое е живо и треба да живаа. Така да на овие конференции ние навистина се состануваме од различни земји и навистина го живееме она што го зборуваме. Се дружиме преку спорт и други активности и се почитуваме едни со други

Во проектот „Библија плус спорт“ учествуваа и од библиското здружение на Босна и Херцеговина.

„Спортот сам за себе не постои, тој е дел од кругот, Господ го создал да ги поврзува луѓето да прави мостови помеѓу различни народи и нации но помеѓу различни вероисповеди. Овде се собравме сите христијани, православни, католици и протестанти и она што мене ми е најубаво дека сепак се става акцент на важноста на библијата дека на сите јазици од 5 држави се чита Божјото слово. Се чита она што на луѓето треба да им стане храна, се чита она кое треба да ти го кажат играј спорт но не го пцуј оној кој ти створил се“

Конференцијата ќе трае до сабота, 10-ти септември, Учесници се членовите на библиските здруженија од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Настанот е во организација на Библиското здружение на Македонија.