Skip to main content

Кербер влезе во историјата на светскиот тенис

Серена Вилијамс не е повеќе светски рекет број еден

 |  инфодеск  | 

Германската тенисерка Анжелик Кербер во финалето на УС Опен ја надигра Чехињата Каролина Плишкова со 6-3, 4-6, 6-4 после два часа и седум минути борба во квалитетно и неизвесно финале и така по втор пат во кариерата го подигна победничкиот трофеј на Грен Слем турнирите, откако на почетокот на годината триумфираше на Австралија Опен.

Кербер до својата победа во осум дуели со 24-годишната чешка тенисерка стигна со пресврт во одлучувачкиот сет во кој Плишкова водеше со 3-1, но Германката ги освои следните шест гемови и така стигна до победа која освен сребрениот трофеј и донесе и 3,5 милиони долари.

Кербер со овој триумф стана втора Германка по Штефи Граф која дојде до победничкиот трофеј во Њујорк, а го зачини и со искачувањето на првото место на WTA листата од која ја тргна Серена Вилијамс по 186 недели владеење. Кербер воедно стана и прва тенисерка во последните девет години, освен Вилијамс, која во една сезона успеала да освои повеќе од еден Грем Слем трофеј. Последна на која тоа и успеало беше Белгијката Џастин Анин која во 2007 ги освои Роалн Гарос и УС Опен.

Кербер ги спои Австралија Опен и УС Опен, а се проби и до финалето на Вимблдон и притоа освои сребрена медаља на Олимписките игри во Рио.