Се поголем е интересот за упис на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле
Се поголем е интересот за упис на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле.
На Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле на свечен начин им беа врачени дипломите на 73 завршени академци. Информатичарите од овој универзитет се задоволни од стекнатото образование и диплома на факултетот за информатички науки и технологии, а поголемиот дел од нив понатамошното професионално реализирање го гледаат во земјава. Меѓу дипломираните студенти кои се стекнале со диплома на овој Универзитет е и информатичарот од факултетот за машинска интелигенција и роботика, Александар Лазаревски.
„Јас работам во информатичка фирма и е добро. Информатиката во Македонија е во развој и има многу потреба. Им препорачувам на идните студенти дека може да се најдат во информатиката и да најдат лесно работа за разлика од другите области“, кажува Лазаревски.
Рекоторот на Универзитетот за информатички науки и технологии Нинослав Марина информира дека за најмладата високонаучна образовна институција во земјава има огромен инетерес за запишување на нови студенти. Има студенти од над 17 земји од светот, а голем број професори се од странство.
„Информатичките технологии се скоро насекаде и има голема потреба од кадри. Тие се компетентни во информатичките науки и технологии. Универзитетот на информатички технологии и самото студирање на англиски јазик ги прави нашите студенти компетитивни на глобалниот пазар на трудот и може да најдат лесно работа во Македонија и надвор. Поатрактивно е и тоа што самата професија поттикнува претпиемништво и работата е од дома и не е врзана за местото на работење“, појаснува Марина.
Во новата академска година на Универзитетот за информатички науки и технологии Св.Апостол Павле годинава се запишани 103 домашни и 53 странски студенти од над 17 земји од светот и од сите континенти. Промоцијата на новите студенти беше изречена на 3 светски јазици и на старословенски јазик.