Нови земјотреси го тресат Балканот и Турција
Најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција
| инфодеск | Македонија
По скопските земјотреси, потреси се регистрирани и во соседните земји. Утрово земјотрес е регистриран на Закинтос во Грција со јачина од 4,2 степена според Рихтеровата скала.
Најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција.
Земјотрес имаше и во Бугарија околу 7,30 часот со сила од 2,5 степени по Рихтер кај Дрјаново. Епицентарот бил на 15 километри североисточно од Габрово и на длабочина од 2 километри.
Во последните 24 часа земјата се тресеше и во Бугарија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Италија и Македонија.