Skip to main content

Во Охрид од почетокот на годината до август решени над седумдесет претставки од купувачи

Во Охрид од почетокот на годината до август решени над седумдесет претставки од купувачи

 |  Валентина Неловска  | 

Неквалитетни мобилни телефони и бела техника и понатака се најчесто пријавувани од купувачите како неисправни. Во помал број купувачите пријавуваат и неквалитетен мебел, чевли и облека. Во изминатите три месеци во ОПМ купувачите барале совет и  за заштита на нивните потрошувачки права прекршени не само од техичка стока , мобилни апарати лаптопи, туку и од  туристичките агенции,  хемиско чистење,кабелски телевизии,  различни услуги од снабдување со струја, вода..  
Од ОПМ според кварталните податоци со кои располгаат за изминатите три месеци април – јуни на ниво на Охрид  биле примени 62 поплаки од купувачи. Тие се однесуваат на  остварување на правото на гаранција и сервисирање, инфромира од ОПМ ,Иво Костовски.

„Потрошувачите се жалеле дека производите се расипуваат во првите 24 часа. Има случаи каде што се пријавени трговци кои го задржуваат правото на сервисирање максимално 30 дена за едно сервисирање или 3 пати по 30 дена од вкупниот број на денови на сервисирање. Се искористува законскиот рок, а потрошувачите се без апарати или се заменети со помала вредност и функции кога станува збор за мобилни апарати, “ напоменува Костовски.

Потрошувачите за решавање на проблемите побарале интервенција и од Државниот пазарен инспекторат. Од охридската подрачна единица на Пазарниот инспекторат велат дека од почетокот на годината до месец август со нивно посредство биле решени 76 поплаки. Само во август нивниот бој бил 9 , а во остантите месеци статистичките показатели укажуваат дека во јануари биле  решени 12 поплаки, 14 во февруари, 6 во март, во април 11, мај 5, јуни 10, јули 9.
Ѓорѓи Бошалески од Пазарниот инспекторат кажува дека пријавените дефекти биле решавани според Законот за заштита на потрошувачите. Купувачите со фискалната сметка за купениот производ побарале од продавачите на неисправните апарати  нивна поправка, а доколку и по 3 пат не бил решен дефектот добивале замена со нов прозвод. Така биле замнувани фрижидери, шпорети, телевизори, машини за перење и други производи за домаќинството, а ист бил случајот и  со мобилните апарати купени во салоните од  различни оператори.