Мeѓународни мозаичари и конзерватори на трета средба во Охрид
Мeѓународни мозаичари и конзерватори на трета средба во Охрид .
Мозаиците се специфична уметност најчесто се среќаваат како подна декорација. На Римските археолошки локалитети ги има најмногу, успеале под рушевините да бидат зачувани. Но кога еднаш ќе бидат откронеи почнува борвата за нивна заштита за да не пропаднат. Таа е и целта на меѓународни мозаичари и конзерватори кои заедно на трета средба во Охрид, сo реализација на проектот See mozaiks 3, ќе дискутираат за повеќе проблеми во мозаичната заштита.Во Охрид вомоментов има голем број на археолошки локлаитеи на кои се откриени мозаици, информира Никола Упевче конзерватор на мозаици и организатор на средбата See mozaiks 3. Упевче кажува како тие локалитеит да се промовираат, но и да се заштити богатството и специјалната техника со која изобилува регионот.
„Документирани се 22 археолошки локалитети со мозаична декорација, но сигурно се повеќе кои се непознати. Да се истражат и заштитат, но и континуирано да се одржуваат само така ќе има успех за интересот да бидат прикажани за секој заинтересиран за да ги доживее и види“, кажува Упевче.
Во текот на срдбата ќе се разменат искуства и знаења во зачувување на мозаичното културно наследство. Прашањето како да се зачува мозаичното наследство е основно за сите во регионот и пошироко. Се бараат и испорбуваат нови начини за нивна заштит а,а па дури и се релзирата заеднички проекти. Во главно се исти и проблемите на кознерваторите. Тие најчесто се врзани за финансиите и организацијата на работа, но и стручни поврзани со напредокот на технологиите и примената на материјалите за реставрација, посолува Маја Франговиќ од Централниот Институтот за конзервација од Белград. Таа како и нејзините колеги напоменува дека без адекватна заштита мозаиците би пропаднале.
„Затоа на археолошките локалитети се бориме помеѓу тоа да се покажат мозаиците и да се зачуваат за идните генерации. На различни начини се штитат,а треба да се вложува во заштитни конструкции кои ќе дејствуваат против дожд, снег и ниски температури, како и физичкото зачувување, ги чистиме и спречуваме да се прошири ошетувањето и да не се уништи мозаикот“, вели Франговиќ.
На тридневната средба на конзеравтори и мозаичари учествуваат експерти од регионот, но и од Италија, Шпанија, Австрија, Унгарија со што добива меѓународен карактер каде ќе се разменат искуства и знаења во зачувување на мозаичното културно наследство.