Skip to main content

Сеуште не е решена судбината на ЈП за погребални услуги

ЈП за погребални услуги ќе се присоедини со ЈП „Градски Гробишта“. Постапката е во тек, вели директорот на„Градски Гробишта“ Зоран Симоноски, информирајќи дека со таа постапка ќе ги преземе сите вработени и обврските на претпријатието кое згаснува.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Сеуште не е решена судбината на ЈП за погребални услуги. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски открива до каде е оваа постапка за кој донесена е одлука и на Советот на општина Охрид и на Управнбиот одбор на ЈП.

„Во тек е постапка присоединување на ЈП за погребални услуги кон ЈП „Градски гробишта“, со преземање на сите обврски, вклучувајќи го тука и преземањето и на сите вработени. Обврските на ЈП беа истите за извршување на погреби но бидејќи немаше добиено лиценца од надлежните органи одлучивме дека не може повеќе да функционира ќе го преземиме и се тоа ќе го завршиме во одреден период

На прашањето дали постои можност ова јавно претпријатие кое беше формирано за да ја извршува услугата извршување на погреби,да ја добие потребната лиценца, директорот Симоноски со став.

„Според Законот за гробишта децидно е кажано дека сите оние ЈП кои што се формирани од Локалната самоуправа, односно од Советот не можат да вршат вакви дејности“

Инаку како што информираше Симоноски ЈП „Градски Гробишта“, континуирано ги извршува сите активности околу чистење средување на гробиштата. Исто така а тука се и активностите за кои редовно добиваат налог од Локалната самоуправа, надвор од работата на гробиштата.