Последните случувања во скопско ги раздрмаа и охриѓани за да ги осигуруваат домовите од штети
Последните случувања во скопско ги раздрмаа и охриѓани за да ги осигуруваат домовите од штети.
Поплавите во Стајковци и земјотресите во Скопје ја променија и свеста кај граѓаните од можните последици на природните катастрофи. Последните случувања од поплавите и земјотресите во скопско ги раздрмаа и охриѓани за да ги осигураат домовите од штети. ДО осигурителните компании имало поголем број на јавувања и заинтересираност на граѓаните за да ги осигураат своите домови. Јавувања и барање на информации за осигрување од поплави и земјотреси имаше и во Сава осигурување , напоменува Ристана Николовска шеф на регионот за Сава осигурување. Таа ги појаснува условите на осигурување за двете полиси коиги нуди нивната компанија.
„Осигурувањето од поплава во приватните домови и објекти е осигурување вклучено во нашето домаќинско осигурување кое е во потполн ризик на целосната сума на осигурување направено и е внесено во самиот пакет на осигурување кое е реткост во осигурителните куќи таквиот вид на осигруување да биде вклучено во полисата од домаќинско осигурување“, напоменува Николовска.
Осигурувањето од земјотрес, пак е засебна полиса за која се доплаќа. Таа полиса со основното осигурување од пожар може да се направи и дополнителено осигурување од земјотрес. Николовска апелира до граѓаните при склучувањето на договори да внимаваат не на квалитетот на осигурувањето туку на сумата на осигурување.
„Задолжително да ги читаат условите на осигурување кој имаме обврска да ги даваме на сите клиенти и тие услови се најбитни што следи со полисата на осигурување. Граѓаните може да земаат полиса за опсигурување кое имаат покритие од 20, 30, 40 посто од сумата на осигурување, а тие да мислат дека нив им е осигуран комплетно станот од земјотрес“, кажува Николовска.
Пракса во Сава осигурување е граѓаните да може сами да изберат каква сума на осигурување и проценти во осигурувањето би зеле. Исто така, може да ја откупат и франшизата за осигурување и да добијат целосна сума во осигурувањето од земјотреси и поплави, напоменува Ристана Николовска.