Skip to main content

Уште една сообраќајна незгода на патот Охрид – Кичево

Неправилно претекнување, е причина за тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера, во близина на локалитетот Мауцкер кај бензиската пумпа Петрол. Четири лица се здобија со повреди кои беа згрижени во болницата СВ Еразмо и се надвор од животна опасност.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Уште една тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на бензиската пумпа „Петрол“. Сообраќајката се случила синоќа околу 19 часот, во која повредени се четири лица. Со тешки телесни повреди-скршеници на лева надколеница се здобил А.Ј.(46) од Охрид додека со лесни повреди се здобиле Д.Ш. (44) од гостиварското село Горна Баница, Г.Т. (49) и Н.Т. (20) двајцата од охридското село Елшани.

„Сообраќајната незгода се случила во момент кога патнички автомобил Мерцедес со гостиварски регистарски ознаки кој се движел од Охрид кон Кичево во критичниот момент изгубил контрола над возилото и преминал на левата коловозна лента по што директно се судрил со патнички автомобил Југо а потоа со автомобил Ауди двете со охридски регистарски ознаки“.

UПовредените лица биле пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо и биле надвор од животна опасност како што информираше Димоски. Но жртва бил родителот на еден од учесниците во сообраќајната незгода.

„Веднаш после незгодата на местото пристигнал еден родител кој што поради влошување на неговата здравствена состојба е префрлен со брза помош во Св Еразмо. Според сознанијата од болницата тој на пат го изгубил својот живот односно тој починал

На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител извршен е увид од крим техника и полициски екипи од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Охрид. Инаку Димоски нагласи дека на патниот правец Охрид – Кичево каде во тек е изградба на автопатот случени се повеќе сообраќајни незгоди во кои има и жртви, како резултат на невнимание. Додаде дека и како Сектор но и како општински Совет на безбедност на патиштата, одделно и заеднички преземале низа превентивни активности, кампањи со цел да се укаже на неопходноста на безбедно и внимателно возење посебно на тој потег. Според Димоски на неколку пунктови каде што се гради автопатот, односно кај Подмоље и кај превојот Пресека имало зачестено полициско присуство, кои на возачите им укажувале внимателно да возат и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.