Skip to main content

Г.Г.Стефан: Нека има повеќе рожби

Реки од луѓе синоќа и денес се слеваа во атарот на верскиот објект „Рождество на Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта.Секоја година на 21 септември се празнува големиот христијански празник Мала Богородица. Народните верувања зборуваат дека на овој ден жените кои немаат деца, одат да се помолат на мајката божја за рожба.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Вратите на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта беа претесни за да ги соберат многубројните верници, кои го посетија овој храм на празникот Мала Богородица. За верниците овој ден е еден од најзначајните и најголеми празници. Тие полни со верба, се поклонија пред иконата на оваа светица, запалија свеќа, добија парче нафора, понесоа крстена вода за здравје.

„Многу важен празник за христијанството. Ние освен мајка Богородица дуга мајка немаме.
Јас сум христијанин и верувам, во Бога во цркват, доаѓам од Долно Коњско.
Ова е најголемото богатство во светот и дел од него помина низ мои раце.
На овој ден редовно доаѓам тука и посакувам само здравје.
Денес е најголем празник, запаливме свеќа, се подруживме со пријатели и роднини, посакуваме здравје и секому Богородица да даде деца да се зарадуваат.
За многу години да е денот на сите македонци. Доѓаме од Сиднеј и за прв пат доаѓам. Многу сум задоволна од луѓето. – велат верниците.

Да се сакаме еден со друг, да го сакаме нашиот ближен и да го сакаме Бога, порача Горан Јовановски, свештеник. Тој од верски аспект појасна за рождеството на Пресвета Богородица и за значението на верскиот празник.

„Овде на ова место доаѓаат луѓе од сите краишта затоа што тука се наоѓа чудотворната икона на Пресвета Богородица каде што најчестѕо се читаат молитви за рожби на оние жени што не можат да родат, се читаат молитви на мали дечиња кои што имаат различни проблеми со говор и др проблеми и најчесто луѓето наоѓаат исцеление, секако по молитвите на свештенството но и по молитвите на самите родители. Ако се пристапи со вера кон иконата и чиста мисла тогаш верувајте секој ќе најде исцеление. Пресвета Богородица е заштитничка не само на Охрид туку и на цела Македонија и ја почитуваат и слават

Литургијата во манастирскиот комплекс ја предводеше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан. Тој од Калишта порача верниците повеќе време да посветат на семејството. Во својта празнична беседа додаде дека е потребно да има повеќе рожби.