Skip to main content

Во охридскиот градски парк исечен кедер

Во охридскиот градски парк  исечен  кедaр.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Во паркот, во близина на хотел Ривиера утрово беше исечено  дрво. Службите на ЈП Комуналец за кастрење и сечење на дрва  добиле решение од надлежната општинска комисија да го исчaт дрвото на 19 септември годинава. Комисијата за сечење дрва при локалната самоуправа  издала решение за да се исече  дрвото заради безбедносни причини. Констатирале дека кедaрот  во целост е исушен.

Од ЈП Охридски  комуналец деновиве до Комисијата за сечење побарале уште една дозвола. Побарале да се исече чинар кој исто така е исушен.

Од ЈП „Охридски  Комуналец“ велат дека ќе ја испочитуваат обврската и на местата на исечените дрва ќе посадат нови , но од каков вид ќе знаат по донесување на планот кој треба да се подготви  со рекострукцијата на Кејот Македонија. Планираат да  засадат нови декоративни садници кој ќе се вклопат во амбиентот на Градскиот парк. Инаку, од почетокот на годинава до сега, комисијата за сечење дрва при Локалната самоуправа има издадено вкупно 35 решенија за сечење и уредување на дрва кои се наоѓаат на јавни и приватни површини. Поголемиот број од издадените решенија се однесувале само за уредување на крошните, а многу помал број биле за сечење на дрва.

Од општина Охрид информираат дека во континуитет  засадуваат нови садници и ги заменуваат искршените и исушени дрва. Во изминатиов период на дрвореди кои се долж патеката од каналот Студенчишта до хотел Парк, а после завршувањето на патеката која е покрај каналот Студенчишта ќе следува засадување на дрва. На стартот од учебната година, јавното претпријатие „Охридски комуналец“ на општинските училишта им доделува  садници со кои се уредуваат школските дворови.