Skip to main content

Охридско-струшката ривиера има потреба од елитни хотели

Охридско-струшката ривиера  има потреба од  елитни хотели.

 |  Валентина Неловска  | 

Туристичките работници од Охридско- струшкиот регион сакаат развивање на елитниот туризам. Но, за таа категорија на туристи ривиерата нема соодветна хотелска понуда. Во моментов ривиерата располага со 7300 хотелски легла од 3 , 4 и 5 ѕвезди, а  се потребни поголем број на легла во хотели со  5 и 4 ѕвезди. Во таа насока во туристичката стратегија на регионот хотелиерите предлагаат што поскоро да се  подигне нивото на сместувачките  капацитети на луксузни хотели од 5 и 4 ѕведички.

„ Во нашите  предлози не бараме масовен туризам  тоа не значи  10.000 легла масовен туризам  туку 100.000 и повеќе кревети. Ние бараме од 10.000 до 20.000 кревети во следниве 10-тина години изградба на нови хотели со нови стандарди“, смета претседателот  на Хотам, Крсте Блажески.

За  надминување на таа ситуација постојат препреки.Претседателот на Хотам, Крсте Блажески ја појаснува главната пречка за  добивање на плановите и одобренијата за градба на нови хотелски капацитети.
 

„Од Радожда до Св Наум не мал е порцентот од градежно земјиште но, нема Детален урбанистички план. Прво што треба да се направи е Детални урбанистички планови  за да може да се продолжи со долготрајно планирање“, подвлекува Блажески.

Годинава, од охридскиот сектор за урбанизам  издале само две градежни решенија  за изградба и реконструкција на хотели.  Неодмна беше објавено дека по завршување на туристичката сезона ќе почнат градежни активности за реновирање  на хотел Палас. Пред неколку години, пак  во близина на хотел Инекс Горица беше исечена шумата со оправдание дека ќе се гради  синџирот Small Luxsory Hotels.