Skip to main content

Охридските пензионери и годинава со бројни награди

Пензионерите од Македонија одбележуваат 70 години од постоењето. Во рамки на тоа се приклучува и Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца кои во на овој значаен јубилеј ги презентираа своите успеси и награди. Тие навистина има со што да се пофалат.

 |  Николоска Биљана  | 

 

И оваа година најмасовната организација на општина Охрид и Дебрца, пензионерите, се закитија со бројни награди на спортско и културно поле. Денес на одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на здружението на пензионерите од Македонија и 66 години од постоењето на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, во големата општинска сала беше извршен прием на учесниците на КУД „Далги“, на спортистите како и наградени активности од Здружението на пензионери.

„Има резултати со кои можеме да се пофалиме на меѓународен план на Илинденските денови во Битола го освоивме првото место во републикава. На републичко ниво на спортските натпревари постигнавме завидни резултати по шести пат сме прваци на државно ниво и го добивме вториот пехар во трајна сопственост на ова здружение на пензионерите“.

Во името на град Охрид, благодарност и честитки за успесите на охридските пензионери упати заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој истакна дека бројни се наградите на нашите пензионери и очекува во иднина да продолжи нивниот успех.

„Секоја година се среќаваме за ваков повод. Годинава тоа претставува културата и спортот како што нагласи претседателот, шеста година по ред тие се победници на спортските олимписки игри за пензионери на РМ, два пати го имаат пехарот во трејно владение а со тоа добива и Охрид и Македонија

Пензионерите упатија голема благодарност до сите што ги поддржале нивните активности, а посебно до Локалната самоуправа која и финансиски ги поддржала во дел од нивните проекти. За жал сеуште остануваат нерешени два горливи проблеми кои ги тиштаат охридските пензионери, Изградбата на Дом за стари лица и неосновано блокираната сметка на ова здружение која им создава потешкотии во нивното функционирање.