Двајца тениски судии од Турција се доживотно суспендирани откако е утврдено дека учествувале во измама со обложување, објави Меѓународниот тениски сојуз (ITF).
Серкан Аслан и Мехмет Улкер се обвинети дека со помош на мобилни телефони јавувале што се случува на трета страна за време на фјучерс турнир во Белек во октомври минатата година, а истовремено го одложувале впишувањето на тој резултат во сервисот за следење на натпреварот кој одел во живо.
“Со ова овозможувале на третата страна корист од обложување на средби кои тие ги суделе”, објави Светската тениска федерација (ITF).
Двајцата судии во период од јануари до септември минатата година во повеќе наврати манипулирале со резултатите на своите натпревари така што впишувале фиктивни израмнувања во гемовите кои всушност биле завршени.