На ФТУ Охрид се одржува Меѓународната конференција за услужен сектор
Пленарни предавања од стручни лица од областа на туризмот, истражувачки трудови, од кои дел се и стратегии за развој на туризмот, како и многу проекти, ќе бидат презентирани на 13 тата Меѓународната конференција за услужен сектор, која два дена се одржува во Охрид. Експерти од 13 држави ќе изложат дел од своето истражувачко искуство од областа на туризмот, царината, осигурувањето и финансирањето.
Охрид домаќин на 13 тата Меѓународната конференција за услужен сектор. Два дена во студенскиот амфитеатар на ФТУ, туристички експерти од 13 држави од 3 континенти отпочна со презентација на 47 трудови од областа на туризмот. Деканот на факултетот Цветко Андрески нагласи дека на конференција свое пленарно предавање ќе имаат истакнати професори меѓу кои, проф. Пјетро Берители изработувачот на стратегијата за развој на туризмот во Охрид, како и проф. Патришија Бон која доаѓа од државниот универзитет од Флорида САД.
„Едниот предавач е од областа на туризмот другиот предавач од областа на осигурувањето. Во овие два дена во 6 сесии ќе бидат презентирани 47 труда кои се прифатени на конференцијата. 01:12+01:19 најинтересни ќе се пленарните предавања но имами многу други истражувчки трудови. Дел од нив се стратегии за развој на туризмот, проекти, други апликативни истражувања кои што нашле своја функција во разни документи“.
На меѓународната конференција за услужен сектор со свои трудови ќе се претстават и 18 професори од нашиот Факултет за туризам и угостителство и тоа од областа на туризмот, царината, осигурувањето. Исто така ќе бидат презентирани трудови, меѓу кои и оние кои се дел од стратегиите за развивање на северо -источниот и вардарскиот регион. Организатор на конференцијата е ФТУ од Охрид.