Skip to main content

Охридските икони се вратија дома

Осумте икони од охридската Галерија кои беа изложени во Лондон безбедно се вратија дома.

 |  Валентина Нелоска  | 
galerija
галерија
Осумте икони, дел од постојаната поставка на охридската Галерија  на Икони, од среден век  од периодот на Ренесанасата на палеолозите се вратија дома. Половина година беа дел од големата изложба во Кралската академија на уметностите  каде што Охрид и Македонија успешно го промовираа нашето богато уметничко наследство вели Милчо Георгиески виш кустос на Галеријата на Икони. Тие  беа дел од шестмесечната  изложба која ја виделе  над 400.000 посетители.

galerijaИконите  изложени во Лондон припаѓаат во самиот врв на византиското сликарство. Ниту една голема светска изложба посветена  на Византиската уметност не може да се замисли без да бидат  изложени икони од Македонија. Интересот на посетителите за изложбата беше  огромен кажува Георгиески. Кралската академија на уметностите е основана од Кралот  Џорџ 3 –ти, во 1768 година со цел  промоција на сликартсвото ,скулптурата , графиката. Од 1769 година тука  редовно се одржуваат уметнички изложби.

 

{loadposition content9}