Skip to main content

Охрид го чествува 11 – октомври

Должна почит на секој македонец е на 11 октомври, денот кога се одбележува 75-годишнината од Народното востание, да се поклони пред спомен обележјата на НОБ, истакна, историчарот проф. Љубиша Машановиќ. Денес во градскиот парк во Охрид беше положено свежо цвеќе пред бистите на борците од НОБ.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Денес по повод државниот празник 11- октомври беше положено свежо цвеќе пред спомен обежјата од НОБ, во градскиот парк во Охрид. Делегација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, и претставници од општината им оддадоа почит на борците кои ги загубиле своите животи борејќи се за денешната слобода.

„Денес на овој свечен миг сме овде собрани да им оддадеме почит, достојна на великаните на македонската историја и револуција. Бистите позади нас претставуваат еден историски континуитет на илинденци, шпански граѓански борци и боцви од НОБ и антифашистичката револуција. Денес сме овде да им оддадеме должна почит да се поклониме пред нив и да им ветиме дека нивните вековни стремежи и идеали ќе ги исполниме. Да ни е честит 11 октомври, да живее Р. Македонија

Професор Машановиќ смета дека младите треба повеќе да бидат запознати со ваквите значачајни датуми, како и тоа, во македонската историја да се апострофираат овие факти, бидејќи тоа се нашите вековни стремежи и идеали кои достојно треба да се почитуваат.

„Помладиве генерации некако ги занемаруваат овие историски факти, мојот впечаток е дека самото ново време го чини своето, затоа сме ние должни овдека и ветуваме дека ќе ги воспитаме во тој дух чии благодети ги уживаат сите тие денес“.

Инаку, Македонија денеска одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Востанието почна на 11 октомври 1941 година на нападот на Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок, а следниот ден, на 12 октомври, оружјето го кренаа и партизаните од Кумановскиот одред. Со тоа Македонија се приклучи кон антифашистичката коалиција, а по четири годишната Светска војна, со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, го реализираше и повеќевековниот сон за основање македонска држава.