Набиена агенда на Јоханес Хан
Денешната посета на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика на ЕУ Јоханес Хан започна со средба со граѓанскиот сектор, а потоа се сретна и со премиерот Емил Димитриев и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, лидерот на ДПА Мендух Тачи и лидерот на ДУИ, Али Ахмет, пренесува „Нова Македонија“.
Денешната посета на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика на ЕУ Јоханес Хан започна со средба со граѓанскиот сектор, а потоа се сретна и со премиерот Емил Димитриев и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, лидерот на ДПА Мендух Тачи и лидерот на ДУИ, Али Ахмет, пренесува „Нова Македонија“.
Граѓанските организации истакнаа потреба од формирање на нов Судски совет и независно судство. Хан преку објава на социјалната мрежа „Твитер“ им се заблагодари за нивната посветеност и за значајните придонеси.
По средбата со Димитриев, тој напиша дека побарал сите услови од Пржинските договори да бидат исполнети, а најпрво да бидат оддржани кредибилни избори и да се даде поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Тој истакнал дека кредибилните избори не се доволни, туку тие се само почеток.
Хан потоа разговараше со специјалната јавна обвинителка Јанева, која по средбата пред медиумите накратко изјави дека дискутирале за предизвиците со кои се соочува СЈО.
Одговарајќи на новинарско прашање дали тема на разговор биле и формирањето на специјално судско одделение, како и можноста за укинување на СЈО, Јанева одговори дека тие теми не биле отворени.
Во однос на измените кои таа ги бара за продолжување на рокот на обвинителството и измените во Законот заштита на сведоци, Јанева изрази надеж дека пред да се распушти Собрание пратениците ќе ги изгласаат овие закони.
Пред кратко, заврши и средбата со лидерот на ДПА Мендух Тачи. По средбата Тачи пред новинарите рече дека имал конструктивен и корисен разговор. Тој изјави и дека пред распуштањето на Парламентот, ДПА ќе го поддржи донесувањето на законите за СЈО и измените на Изборниот законик.
Хан пак на „Твитер“ објави дека со Тачи дискутирале за државна подготвеност за избори, така што меѓуетничката соработка е клучен елемент.
По завршувањето на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Хан објави дека дискутирале за потребата од исполнување на сите услови за кредибилни изборни, имплементирање на реформите и усогласување.
Средбите на Хан со партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се предвидени во седиштата на партиите, а по завршувањето на состаноците Јоханес Хас во 14:00 часот ќе одржи прес конференција.