Skip to main content

Што ја прашаа охриѓани градската власт

Доколку имате можност што би ја прашале локалната власт? Граѓаните кои денес ги анкетиравме на оваа тема, покрај што упатија интересни прашања за градската власт, тие имаа многу забелешки и сугестии, но и пофалби за работа на градоначалникот и општина Охрид во досегашниот три годишен мандат.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Граѓаните на Охрид бараат поголема активност на терен од вработените во Локалната самоуправа, но и на охридските советниците. Дел од граѓаните кои денес ги анкетиравме, се изјаснаа дека градската власт но и нивните избраници во градскиот совет треба да бидат постојано во контакт со граѓаните во сите делови од општината. Исто така сметаат дека советниците треба да бидат поупорни во барањето увид во работата на локалната администрација. Еве кои прашања ги упатија дел од анкетираните граѓани до локалната .

Ветуваше дека ќе има современ пазар, колку е точно и кога ќе биде не знаеме.
„Дали тие сами како советници се задоволни од нивната активност во советот и колку тие поединечно не само партиски со своето познавање на проблемите и активност, придонеле за подобрување на општите состојби во општина Охрид, а многу ги има, почнувајќи од туризмот, сообраќајот од потребите на граѓаните….
„Да се грижат повеќе за градот, бидејќи имаме многу нерешени проблеми низ градот, а треба да обратат внимание и на хигиената и на се.
Советниците убаво си ја работат својата работа, само едно забележувам, дека плажите се многу загадени тука е ѓубрето а тоа го гледаат и туристите. Имав јас гости од Австралија и рекоа ова не ви чини.
Да се подобри инфраструктурата на градов, да се воведат новитети во угостителството, да се продолжи летната сезона.
Има навистина многу прашања но прво би запрашала околу уредувањето на Охрид. Треба да се доведе градот да има убав лик со што ќе привлече и голем број странски туристи.
Има многу прашања како што ветија за градов не е така. Воска е катастрофално, туризмот не е само во центарот.
Да се вложи и да има работа за луѓето.

Дел од овие прашања можат да бидат слушнати од надлежните уште во четврток, 20. октомври на закажаната шеесет и третата седница на Советот на Општина Охрид. Седницата е само со една точка на дневен ред, советнички прашања. Секој од советниците си има свој начин на комуникација со граѓаните, па ќе биде интересно да се слушне што ги тишти охриѓани односно кои проблеми ќе ги артикулираат преку градските избраници. Секако доколку не се троши време и не се злоупотребува говорницата за политичко препукување.