Skip to main content

Акција на Citroën денес во Охрид

„Овој човек има стил, вози Citroën“. Под ова мото денес охриѓани, но и бројните гости беа сведоци на навистина интересна акција на Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Цитроен.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Акција на Citroën денес во Охрид. Помалку невообичаено но сепак интересно тимот на Citroen, ги изненади сопствениците на возилата на оваа реномирана автомобилска марка.

Подмладокот на оваа компанија заврза по еден балон со натпис „Овој човек има стил, вози Citroën“ на возилата од оваа марка кои беа паркирани во центарот на градот.

По убавото, топло и сончево време и големата раздвиженост на Градскиот плоштад, глетката беше интересна и прифатена од граѓаните кои пиеја кафе по охридските кафе барови, а особено од најмладите.

Компанијата Inside Auto, чиј салон се наоѓа на улицата „15-ти корпус“ број. 116 во Охрид е овластен застапник на возилата од гамата на Citroën за Охрид.

Денешната акција е само почеток, наскоро очекувајте многу изненадувања и интересни акции од вашиот Citroën, велат од Inside Auto.