Skip to main content

Хотел „Мираж“ награден за квалитетна туристичка понуда

Дел од хотелско угостителските објекти на струшкото крајбрежје, беа наградени на Светскиот ден на туризмот. Тоа за нив како што вели менаџерот на хотел „Мираж“ Струга дава импулс да работат уште пуспешно во наредниот период.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Хотелот „Мираж“, Струга најуспешен хотел во делот на квалитетна туристичка понуда. Ваквото признание го доби по повод светскиот ден на туризмот за 2016, и се се најде на листата наградени, со уште хотели во државава. Како што истакна менаџерот на хотелот Љуљзим Бакал, тоа се должи на добрата организациона поставеност во хотелот, со квалитетен и стручен кадар за секој сегмент од хотелското работење. Бакал додава дека за тоа допринело и тоа што овој хотелско угостителски капацитет има комплетна понуда, 53 соби, свој ресторан, плажа, тераса со поглед на езеро, игралиште, сали за семинари, веселби, спа центар, парна бања, сауна, џакузи и затворен базен.

„Овие награди значат поттик за понатамошно работење и докажување на нашиот хотел и нашиот град во целина, треба докажување. Тоа дава импулс да работиме поуспешно во наредниот период

Струшкиот хотел „Мираж“ е релативно ново име во хотелскиот еснаф, изграден на прекрасна местоположба на само километар од Струга на неколку метри од езерскиот брег. Овој хотел засега има четири звездички, вели Бакал.

„Хотелот е категоризиран по сите норми што пропишува Законот за категоризација имавме шанса…. и не само тоа нам ни се дадоа 5 звездички, но ние од наша страна баравме да бидат 4 звездички, и ние успеваме да го одржиме квалитетот и нивото на нашиот хотел што комотно можам да кажам дека нашиот хотел може да има 5 звезди

Менаџерот на хотелот, задоволен е од посетеноста за оваа сезона. Тој смета дека во поглед на развојот на туризмот секогаш треба да се настојува да се добие што повеќе, а треба да се разберат и надлежните дека колку што вложуваат толку и добиваат.