Skip to main content

Усвоена резолуцијата за религија

Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се противат западните држави.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се противат западните држави.

Текстот, што го предложи Пакистан во име на Организацијата на исламска конференција, е усвоен со 23 гласови “за“ и 11 “против“, додека 13 држави се воздржаа од гласање.

ONЕвропските држави, Канада и Чиле гласаа против, Индија беше воздржана, додека неврзаните и повеќе исламски држави го поддржаа текстот.

Резолуцијата, која правно нема обврзувачки карактер, укажува на “сериозна загриженост кога се во прашање негативни стереотипи и навреда на религијата, изрази на нетолеранција и дискриминација, кога станува збор за верски слободи“.

 

{loadposition content9}