Skip to main content

Охридските советниците прашува градоначалникот одговараше

Охридските  советниците прашува градоначалникот одговараше.

 |  Валентина Неловска  | 

Голем број прашања се слушнаа  од говорницата на денешната седница. Градските избраници се интересираа за состојбите во скоро сите сфери на живеењето кои ги засега   охриѓани. Меѓу големиот број прашања  беше и прашањето на независниот советник  Љупчо Настоски за  долгот на општината кој се споменуваше дека изнесува некаде околу 50 милиони евра.

„Сакам да слушнам колкав е долгот во моментов дали е зголемен или намален “, праша независниот советник Настоски.

Градоналникот Никола Бакрачески одговори дека поконкретни информации советникот ќе добие во писмена форма , заради тоа што состојбата е променлива од ден на ден. Но, сепак кажа  колкав долг досега е исплатен.

„ Досега по основ на сите обврски, извршни судски решенија, спогодби , тековни доспеани обврски  и исплатени обврски кон училиштата и јавните  претпријатија  изнесува над милјарда денари или околу 20 милиони евра“.  

 

Советникот Јоне Станкоски од Вмро НП пак праша дали во 2016 година  општинската каса е осиромашена за милиони евра за продадени 2 атрактивни парцели во близина на каналот Студенчишта и во СРЦ  Билјанини извори. Станкоски напомена дека станува збор за површина од 18.000 метри квадратни продадени по цена од 1 евро плус данок  на ДДВ , без објавен оглас за продажба, а можело да се продаде по пазарна вредност.

„Зошто кога е донесена одлука не е објавен јавен повик и не се достигна пазарна вреднсот која би била по 300 до 500 евра по м2. Оштетен е буџетот  на РМ и на општината. 80 посто од продажбата  оди на сметка на општина Охрид и тоа би била сума од 7 до 8 милиони евра о дкои 80 посто би легнале на општина Охрид“, праша Станкоски.

Градоначалникот ги негираше овие обвинувања како невистина и и при тоа кажа дека е изненаден од неинформираноста на советникот.  Продажбата на парцелите се случила во  2012 година.
 
„Земјиштето е продадено пред оваа локална  самоуправа да го добие мандатот, а урбанистичката документација е донесена со ваше гласање за да се овозможи овие локации да бидат продадени“, возврати Бакрачески.
Советникот Станкоски побара да  се достави на јавен   увид договорот за продажба на земјиштето.     

Јован Стојаноски од СДСМ праша  дали е изготвен план и програма за санација на состојбите во МЈП Проаква. Градоначалникот со одговор дека има план за санација и се чека согласност од струшкиот градоначалник   и совет за конкретни чекори за раздружување на претпријатието. Имаше прашања и за тоа како Локалната самоуправа  е задоволна од годинешната туристичка  сезона. За локалната самоуправа  ова е најдобрата туристичка сезона досега , а се истакна фактот што домашните гости се враќаат во Охрид по долги години стагнација.