Трагедија во забавен парк во Австралија
Најмалку три лица загинале за време на возење во забавниот парк „Дримворлд“ во Квинсленд во Австралија. „Дримворлд“ е најголемиот парк во Австралија и содржи повеќе од 50 различни атракции.
Најмалку три лица загинале за време на возење во забавниот парк „Дримворлд“ во Квинсленд во Австралија. „Дримворлд“ е најголемиот парк во Австралија и содржи повеќе од 50 различни атракции.
Несреќата се случила во најголемиот парк за забава во Австралија на рафтинг, а трагичниот инцидент го потврдиле и од забавниот парк.
„Дримворлд, заедно со полицијата, работи на утврдување на причините поради кои се случила несреќата“, соопштиле од забавниот парк.
Рафтингот е една од 50-те атракции кои ги нуди австралискиот „Дримворлд“ и постои уште од 1986 година. На интернет страницата на „Дримворлд“ пишува дека на посетителите им е дозволено со брзина од 45 километри на час да се спуштат низ „реката“.