5000 евра за правните лица, а 1000евра за физичките кои не го исчистиле оџакот
5000 евра за правните лица, а 1000евра за физичките кои не го исчистиле оџакот. Тоа е предвидено со измените во Правилникот за одржување во исправна состојба на оџаците. Охриѓани реагираат на високите казни објаснувајќи дека во градов немаме оџачарска служба или овластен оџачар кој ќе им ги чисти оџаците.
Високи казни за сопствениците на објекти кои навреме не си ги исчистиле оџаците, а кои се греат на дрва или друг огревен материјал. Правните лица ќе плаќаат и по 5000 евра, а 1000 евра ќе плаќаат физичките лица. Тоа е предвидено со измените во Правилникот за одржување во исправна состојба на оџаците. Но во Охрид има еден проблем. Граѓаните реагираат дека оџаците мора да се чисти, а во градов немаме оџачарска служба или овластен оџачар кој ќе го направи тоа.
Не е во ред бидејќи немаме оџачарска фирма, всушност казните се многу високи а чистењето на оџакот е од 500 до 1000 ден. И не е сразмерно со казната.
Но нема таква фирма и тоа е најголем проблем. И да сака некој да го исчисти оџакот нема кој да го направи тоа. Треба да се ангажира фирма од Скопје,а тоа многу повеќе ги чини граѓаните одколку да имаме оџачари овде, вели Сашо Тодороскиод од Дирекцијата за заштита и спасување .
Фирмите и домаќинствата за чистење на оџаците се снаоѓата кој како знае и умее. Тие најчесто ги ангажираат домаќините и службите за одржување , а за оџаците по домовите се бараат луѓе кои не се регистрирани како оџачари. Поголемиот дел од училиштата, студенскиот дом, градинките, хотелите го испочитувале Правилникот за одржување на оџаци, но некои од физичките лица прават прекршоци. Оваа година инспекторите сеуште не излегле на терен бидејќи од пред една недела започна грејната сезона, но минатата направиле 51 контроли од кои во три случаи затекнале неправилности.
Законот дозволува најпрво да се изврши опомена на субјектот каде се затекнале неправилности и во рок од осум дена треба да се заврши постапката, а понатаму нема опомена, вели Тодороски.
Неисчистените оџаци преставуваат општа опасност. поради неисчистен оџачки канал може да избие пожар и да предизвика голема катастрофа, не само за сопствениците на куќата туку и за објектите во пошироката околина. Тодороски кажува дека најголемиот процент на интервенции од противпожарната единица во Охрид отпаѓаат на пожари од оџаци. Со правилник на Дирекцијата за заштита и спасување назначено е дека физичките лица најмалку два пати годишно треба да ги чистат оџаците, пред и после грејната сезона, а правните лица треба да ги чистат еднаш месечно. Охриѓани треба да обрнат поголемо внимание на овој проблем, бидејќи чистењето на оџаците е многу сериозна, но крајно маргинализирана работа. Многу специфична е состојбата во колективните станбени згради, бидејќи станува збор за повеќе станари кои се поврзани на една вертикала. Се повикуваат граѓаните кои досега не ги исчистиле оџаците, што побрзо да го сторат тоа како не би предизвикале штета за себе и околината и како не би заработиле некоја од овие навистина високи казни.