Skip to main content

Се уништуваат хоризонтлните сопирачи на брзина во градов

Се уништуваат хоризонтлните сопирачи на брзина во градов. Особено настрадаа оние на Булевар Туристичка. Од локалната тврдат дека причина се несовесните возачи, тие пак велат дека штетата се прави кога се демонтираат при доаѓањето делегации во градов. Секторот за комунални дејности заедно со јавното претпријатие Нискоградба презеде акција за нивна поправка.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Хоризонталните сопирачи на брзина во градов се оштетени. Од секторот за комунални дејности нив ги постави во корелација со СВР Охрид со цел да се зголеми безбедноста на пешаците. Посебно се оштетени оние кои се наоѓаат на Булеварот Туристичка и пред основните училишта во градов. Од Локалната тврдат дека хоризонталните забавувачи на брзина се во ваква состојба поради несовесното однесување на возачите.

Во моментов тече акцијата за санација и репарација на хоризонталните забавувачи на брзина. Тоа го прави Секторот за комунални дејности заедно со јавните претпријатија, но и покрај тоа што зафатите ги вршат  јавни претпријатија чиј основач е општината сепак тоа преставува поголем финансиски трошок за општината и се трошат средства од граѓаните, вели Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности сообраќај и патишта.

По санирањето на оштетувањата на хоризонталните забавувачи тие ќе бидат поставени на местата каде недостигаат. Од секторот за комунален развој уште еднаш апелираат до граѓаните да не ги уништуваат општите добра затоа што парите што се трошат за поправки можат да се наменат за нешто што ќе биде од нивна корист, вели Танески.

Повеќепати сме упатиле апел до граѓаните да не ги уништуваат забавувачите на брзина, но за жал не вродило со плод. Но еве уште еднаш ќе им се обратам да се грижат за нивната соатојба бидејќи пред се тие се многу важни за безбедноста на најмладите, вели Танески.


Дел од возачите пак тврдат дека за уништувањето на забавувачите на брзина не се виновни само тие туку дека се оштетуваат поради нивното често демонтирање кога доаѓаат делегации во градов. Бараат да се води повеќе сметка како тоа се прави и добро да се монтираат за да неможат да се одлепуваат од подлогата.