Skip to main content

Хотелите на охридско струшката ривиера имаат големи трошоци за греење во зимскиот период

Хотелите на охридско струшката ривиера имаат големи трошоци за греење во зимскиот период.

 |  Валентина Неловска  | 

Анализите направени од Свис  контакт заедно со Регионалниот центар за топлинска ефикасност во последните 2 години за хотелите покажале дека објектите на охридско- струшката ривиера имаат големи трошоци за вода и електрична енергија. Тоа е посебно изразено во зимскиот период и многу објекти  се под клуч. Повеќето хотели  имаат застарени системи за греење и користат нафта, а немаат и добра топлинска изолација. За да се подобри енергетската ефикасност на објектите со финсиска поддршка на Свис контакт се  одржа работилница на која учествуваа  хотелиери, министерството за економија и банкари кои нудат поволни кредитни линии.  Александар Јованоски од кластерот за туризам  Еден  кажа дека на работилницата хотелиерите имале интерес за вложување во енергетската ефикасност, но недоволен.   


„  Обемот на туризмот во Охрид во грејна сезона не е доволен за одржливост на објектите  и ќе треба време за да се зголеми бројот на гости во зима.Тогаш  сакале или не хотелиерите сами ќе ги намалуваат трошоците“, вели Јованоски.  

Од Хотам велат дека полека се менуваат работите во хотелиерството во однос на примена на енергетската ефикасност во објектите. Крсте Блажески претседателот на Хотам напоменува дека тоа зависи пред се од финасиските можности на самите хотелски објекти онолку колку што секој може да си дозволи.
 
„ Во моментов секој ја гледа својата економска исплатливост и вложува каде што најбрзо ќе ги извади вложувањата. Во хотелите и рестораните нема халогени светилки туку лед светла, ако не сите тогаш 80 посто. Ова е еден показател дека водиме грижа за зашетадата на енергија. Во однос на греењето не знам хотел да се грее на нафта. Тие се заменети и  економска исплатливост секој  ја гледа“,вели  претседателот на Хотам.   

Блажески додава дека во моментов економската ситуација во туризмот  е во благ пораст и не може веднаш да се направи пресврт во оваа област.