Нов кабинет по биологија во ОУ „Григор Прличев“
Германската амбасадорка Кристине Алхаузер и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, го отворија ново опремениот и реконструиран кабинет по биологија во ОУ Григор Прличев. Овој проект е вреден 6 илјади евра, поголемиот дел од средствата ги донираше германската амбасада, а со дел од средствата учестувуаше и општина Охрид.
Учениците од ОУ „Григор Прличев“ упатија силна порака до охридскиот градоначалник. Тие од него како човек кој треба да се грижи за општината му препорачаа да го применува процесот на фотосинтеза, односно во градов да биде застапено зеленилото кое испуштајќи кислород преку лисјата ќе го збогати градот со чист воздух. Денес свечено беше пуштен во употреба подновениот и реконструиран кабинет по билологија, проект реализиран преку донација на германската влада и општина Охрид.
„Тоа создаде услови да учениците во ова ОУ се стекнат со можност за поадекватно да пристапат кон изучување на тајните на биологијата и другите науки и создава можности да во иднина на еден многу полесен и поефикасен начин ги совладуваат знаењата од оваа област од природните науки“.
Германската амбасадорка Кристине Алхаузер истакна дека секогаш се чуствува добредојдена во Охрид, благодарение на срдечниот народ кој секогаш умее да го изрази своето топло добредојде, посебно кон гостите кои го посетуваат туристичкиот бисер.
„Она што таму го видов беа ученици мотивирени одушевени со широко отворени очи љубопитни кои што сакаат да стекнуваат нови знаења и да истражуваат, подобро од овој ефект не ни можеме да очекуваме. Материјалните средства се една работа, меѓутоа духот на едно училиште и духот во наставата произлегува од наставниците.л денеска сретнав многу ангажирани наставници по биологија исто така сретнав предобри говорители на германски јазик од страна на наставничките по германски јазик, честитки до наставниците и до директорката на училиштето“
Голема чест и задоволство е да се отвори кабинетот по биологија со високи државни претставници на Р. Германија, како и од првиот човек на градот, истакна директорката на училиштето Силвија Мојсоска.
„Ни причина задоволство што овие убави моменти ги споделивме заедно, кабинетот по биологија е донација од општина Охрид која го изработи проектот, најголемиот дел од донацијата е од гермнската амбасада, општина Охрид реновира дел од училницата, чешмите, а германската амбасада учествуваше со наставни нагледни средества“
Директорката смета дека оваа донација ќе допринесе да се подигне квалитетот на наставата по предметот биологија. Од нагледните средства ќе имаат бенефите сите ученици во ОУ „Григор Прличев“ од прво па се до деветто одделение.