Охриѓани имаа можност да се сретнат со инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство
Охриѓани имаа можност да се сретнат со инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Охриѓани на отворениот ден се сретнаа со инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбата присуствуваа прозиводители на храна, на мед, преработувачи на месо и млечни производи, хотелиери. Секој од својот домен на работа ги изнесуваа проблемите и бараа начини како да се олеснат работите во производството на храна. Беа изнесени проблемите од немање на кланица и локални прозиводители на месо и раиба, со третирањето на свежото месо во хотелите и рестораните. Посочен беше и проблемот кој му се заканува на регионот, а тоа е немање доволно домашна суровина од млеко и месо, и сериозната битка со храната од увоз. Побараа да се стимулира козарството како сточарска гранка. Производителите бараа државата да воведе механизми за да го заштити домашното производство од увоз. Меѓу прозиводителите кои имаат проблеми беа и пчеларите. Тие посочија дека се соочуваат со проблемот на квалитетот на антибиотиците за пчелите, но и со квалитетот на прополисот oд увоз. Пчеларите никако да ја добијат и битката со фалсификуваниот мед кој се продава на пазарот.
Претседаетлот на здружението од Охрид, Тони Јосифоски вели дека на пазарите се продава само 10 посто е чист мед ,а останатите 90 проценти се лажен мед.
„Не знам како да го решеиме овој голем проблем. Покрај толку вложувања на Владата со субвенции за пчеларите, има се повеќ млади пчелари. Во нашето здружение од 45 пчелари, 20 се млади. Зошто на тие пчелари кои сакаат да профитираат и да живеат од тоа не им се даде можност“, прашува Јосифоски.
Трајче Донев, државен советник во Агенцијата за храна и ветеринарство за оваа појава кажа дека нивните инспектори се постојано во борба со трговците кои продаваат гликоза наместо мед. Контролираме, казнуваме, и одземаме фласификуван мед и опрема, го контролираме увозот на гликоза но , пак ги има продавачите на лажен мед.
„Испитувањата на мед се на секој месец според изготвен план. Но, статистички гледано она што го наоѓаме е 50 посто. Знаеме каде го има на патот Кичево – Охрид и на некои пазари во Македонија, не е секаде, и можам да кажам дека е намален бројот во споредба со пред неколку години“, уверува Донев.
Државниот советник од Агенцијата за храна и ветеринарство, Донев, кажа дека од Агенцијата веќе од почетокот на идната година ќе воведуваат извесни новини во контролата на храната. Една е напуштање на досегашната пракса да добиваат мостри за испитување од производителите. Со измените инспекторите ќе купуваат производи во продавница и ќе ги испитуваат купените мостри. Донев најави и скоро решавање на проблемот со мини кланиците. Ќе има мини кланици за сопствено производство на месо и месни производи слично како и мандрите за производителите на млеко и млечни производи, напомена Донев.