Skip to main content

Возрасните да не пушат пред децата

Вистината за болестите од зависност, превенцијата и сите ризици кои доаѓаат со нив, потребно е да им се каже на децата уште од адолесцентна возраст, сметаат стручните лица од оваа област. Во тек е реализација на кампања врсничка едукација, која се спроведува со неколки целни групи во основните и средните училишта од градов, од страна на волонтерите на ОО на Црвен крст, Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Превенција од болестите на зависност. Учениците од 7, 8, 9 одделение и прва и втора година слушаат предавања од своите врсници, волонтери во Црвениот Крст Охрид, за превенција од никотинизмот, алкохолизмот и зависност од дрогите. Станува збор за реализиација на проект преку кој учениците добиваат повеќе информации, попристапни и поразбирливи за нив, појаснува д-р Соња Стурлакова Димовска.

„Сега тие болести на зависност започнуваат од многу порана возраст, односно има податоци за присуство на овие зависности особено никотинизмот кај многу помали деца односно веќе дури во 5, 6 одделение се гледаат деца кои што пушат цигари“ – вели д-р Димовска.

Љубопитноста кај децата да пробаат, друштвото во кое се наоѓаат, мислат дека изгледаат кул, и како и тоа дека се издвојуваат од останатите, се само дел од причините поради кои децата од мали нозе посегаат по недозволените пороци, нагласува д-р Димовска. Грижата за здравјето на младата популација како воспитна компонента е еден од приоритетите во образовниот процес.

„Најчесто би кажала дека во ОУ најзастапена појава главно е пушењето а на поголема возраст доаѓа и конзумација на алкохолни пијалоци и многу е важно заедно да работиме со родителите. За жал многу од родителите го практукуваат пушењето и пиењето алкохол во своите домови и тука ни е клучен проблем. Многу ни е тешко како училиште да зборуваме за штетноста на тутунот ако децата секојдневно во своите семејства ги гледаат своите родители како го конзумираат тутунот “.

Илиќ смета дека треба да постои поширока акција каде сите ние возрасни би биле позитивен пример на нашите деца и ученици и ако не можеме да се откажеме од пушењето барем тоа да не го правиме пред децата. Инаку како што информираат од ОО на Црвен Крст месец ноември ќе биде посветен на капањата на предавања за борба за превенција на болестите од зависност.