Земјотресот бил со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар EMSC, а Американскиот геофизички институт USGS ја ревидираше првичната магнитуда од 7,1 на 6,6 степени. Епицентарот е регистриран на длабочина од 10 километри, на 68 километри југоисточно од Перуџа, односно меѓу Перуџа и Мачерата во местото Норча.
Епицентарот на овој земјотрес е во истото место како и неодамнешните потреси до 26-ти октомври, меѓу градовите Норча, Пречи и Кастелсантанџело сул Нера.,
Потресот во 7,41 часот се осети и на северот и на југот од Италија, како и во соседните земји Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Иако сè уште нема информации за жртви, штетата од денешниот земјотрес е голема.
Италијанските телевизии во живо го пренесоа уривањето на црква во центарот на Норча, град во близина на Перуџа во Умбрија. Делови на градот веќе се затворени.